За Нас
Инвест А ДООЕЛ - Скопје е основана 2001 година во Скопје како фирма членка на групацијата АДИНГ. Завршните работи во градежништвото како главна дејност, овозможуваат нејзино активно присуство во кругот на водечките градежни фирми.
Инвест А ги покрива сите фази на изведба:
- градежни и градежно занаетчиски работи
- електроинсталатерски работи
- машински инсталации
- водовод и канализација
Денес со вкупно 23 вработени, Инвест А има изведено повеќе значајни објекти во Р.Македонија, државите од регионот - Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и пошироко - Русија, Украина, Казахстан, Унгарија и Романија.
Користејќи ги материјалите од производната програма на Адинг изведени се позиции како што се: санациони работи, внатрешни и надворешни водоводи и канализации, реконструкција и адаптација на објекти, ПП заштити на челични конструкции и електрични кабли, контактни фасади, репарација на бетонски конструкции и малтери, заштитни премази на А.Б. конструкции и челични конструкции, потоа градежно занаетчиски работи: подополагачки, фасадерски, молерофарбарски работи, хидроизолации и друго.

Забележителните референци во областа на санации и реконструкции на објекти и акцентираната ориентација на хидроизолации и подополагачки работи ја создаваат беспрекорноста и успешноста на фирмата „Инвест А".






